Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ ја честиташе победата на македонските фудбалери против Лихтенштајн (0:3). „Ова е победа која ја заслужија – фудбалерите, стручниот штаб и нашите навивачи, кои уште еднаш покажаа дека се најдобрите на светот.
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ им честиташе на фудбалерите и стручниот штаб за победата против Лихтенштајн на стартот од квалификациите за Светското првенство 2026, која е извојувана во исклучително тешки моменти за Македонија по ужасната трагедија во Кочани.