Новак Ѓоковиќ однесе победа против австралискиот тенисер Ринки Хиџиката со резултат 6-0, 7-6 во второто коло на Мастерсот во Мајами. Sportski
Откако на претходните два турнира беше елиминиран уште во првите мечеви, Ѓоковиќ овојпат беше на посакуваното ниво, стигнувајќи до победа со која дефинитивно ќе ја крене самодовербата пред наредните предизвици во Мајами.
Новак делуваше особено импресивно во првиот сет, во кој доминираше од почеток до крај, славејќи со убедливи 6-0. Австралиецот се врати во ритам во вториот сет, умешно го освојуваше сопствениот сервис, но тајбрејкот мина во знакот на Ѓоковиќ, кој лесно славеше со 7-1 и се пласираше во следната рунда. Ekipa