Најдобриот словенечки кошаркар Лука Дончиќ во својот прв настап во НБА плејофот во дресот на Лос Анџелес Лејкерс постигна 37 поени, но тоа не им помогна да го добијат првиот натпревар од серијата од првото коло пред своите гледачи, во кој Минесота Тимбервулфс победија со убедливи 117:95. Во првата четвртина сѐ изгледаше добро за Лејкерс кои водеа со 28:21 по воведните 12 минути.
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс не се претставија најдобро во првиот натпревар од првото коло на плеј-офот, бидејќи на домашен терен загубија со 95-117 од Минесота.