Кошаркарите на ЛА Лејкерс со пораз дома од Минесота го започнаа овојогодишниот НБА плеј-оф. Минесота славеше уверливо со 117:95 и поведе 1-0 во серијата од првиот круг на Западот, благодарение на фактот што тројца играчи постигнаа повеќе од 20 поени (Џејден МекДаниелс 25, Наз Рид 23, Ентони Едвардс 22). Во редовите на Лејкерс единствено расположен за игра беше Лука Дончиќ, кој постигна 37 поени и осум скокови, но имаше само една асистенција.