Голден Стејт Вориорс во дербито на првото коло од плејофот на Западната конференција го совладаа Хјустон Рокетс со резултат 95:85 и поведоа во серијата со 1:0. Дуелот во Тексас ни донесе изедначена игра на двата тима, а Воините после првото полувреме имаа предност од 13 поени, беше 47:34. Во продолжение Голден Стејт стигна до максимална предност од +23, беше 64:41, но Хјустон се врати и на влегување во последните 12 минути влезе со девет поени разлика, 69:60. Успeaa Рокетс да пријдат и на три поени разлика, беше 76:73, а потоа Кари повторно стапи во акција и обезбеди победа за гостите и водство во серијата.
Голден Стејт направи „брејк“ во осминафиналната серија против Хјустон славејќи на гостувањето во Тексас со 85-95 благодарение на фантастичните Стеф Кари и Џими Батлер кои го пренесоа ветеранското искуство за голем триумф на својот тим.