Алперен Сенгун беше единствениот расположен играч на Хјустон со 26 поени и девет скока, додека Дилон Брукс и Џабари Смит Џуниор постигнаа по 11. Најдобрите тимови во своите конференции Оклахома Сити и Кливленд остварија убедливи победи на воведните натпревари против Мемфис и Мајами.
Особено на стартот беа инспирирани кошаркарите на Оклахома Сити кои го совладаа Мемфис со 131:80 и со тоа ја остварија петтата најубедлива победа во историјата на плејофот. Netpress