Манчестер Сити сепак ќе се бори за трофеј оваа сезона откако „граѓаните“ се пласираа во големото финале на ФА Купот, откако попладнево на „Вембли“ славеа во полуфиналната пресметка против Нотингем Форест со 2-0. Нотингем има сезона од соништата во Премиер-лигата, но „шумарите“ попладнево беа шокирани по нецели две минути колку што им требаше на „граѓаните“ да поведат со 2-0. Поради ова „црвено-белите“ мораа да го променат пристапот, да ја отворат својата игра повеќе од вообичаено, но сепак се мачеа да го загрозат голот на Сити.
Екипата на Кристал Палас е првиот финалист во ФА Купот каде што се пласираше со денешниот триумф над Астон Вила од 3-0. Кристал палас предводен од одличниот Сар одигра на високо ниво и заслужено обезбеди место во битката за трофејот.