Успехот е уште поголем ако се знае дека Алкалоид повторно беше без Марко Митев, но и без повредениот капитен Ѓоргиев, но и во отсуство на овие двајца ракометари македонскиот тим собра сили да стигне до историски резултат (35-32, 34-29 по регуларните 60 минути игра). Мечот почна со фуриозна игра на норвешкиот претставник, кој за нецели седум минути ја анулираше негативата од првиот меч, поведувајќи со 6-1. Лазаров беше принуден да побара тајмаут во раната фаза од мечот, но советите на тренерот на Алкалоид го разбудија неговиот тим. Ekipa