Тешката болест е причината поради која Грег Попович веќе неколку месеци наназад не беше во можност да го води тимот на Сан Антонио, а вечерва беше и официјално објавено дека фантастичниот стратег нема да се врати повеќе на кормилото на „мамузите“.
Тој го водеше овој клуб од 1996 година, освојувајќи пет шампионски титули и развивајќи врвни асови како Данкан, Џинобили, Паркер, Ленард… а последен предивик му беше да направи суперѕвезда од Вембињама.