Првото големо изненадување во плејофот на НБА се случи ноќеска бидејќи Кливленд Кавалирс, најдобриот тим во регуларната сезона во Источната конференција, е елиминиран!
Индијана Пејсерс ја остварија четвртата победа во полуфиналната серија од плејофот на Источната конференција со 114:105 и со тоа се пласираа во финалето со вкупен резултат од 4-1. Индијана ја оствари оваа победа на гостински терен, а главен херој повторно беше Тајрис Халибартон со 31 поен, 8 асистенции и 6 скокови, додека Паскал Сјакам постигна 21 поен и 8 скокови.