Едвардс и соиграчите буквално ја уништија Оклахома, а дека на гостите им се подготвува тежок пораз беше најавено уште во првата четвртина која Минесота ја доби со дури 20 поени разлика, 34-14. Во вториот период домаќините продолжија да го мелат противникот и на одморот се замина со фантастични 72-41. Во вториот дел Минесота ја зголемуваше предноста до конечни 143-101.