Кошаркарите на Монако ќе играат во финалето на Евролигата, откако во полуфиналето го победија Олимпијакос со 78:68, и ќе се борат за трофејот со Фенербахче.
Монако стигна до финалето за првпат во историјата, а Василис Спанулис го предводеше тимот до трофејот во својата дебитантска сезона во Евролигата Монако ќе игра финалето на Евролигата во недела во 19 часот против Фенербахче, кој претходно денес го победи актуелниот шампион Панатинаикос со 82:76. Најефикасен играч во тимот на Монако беше Алфа Дијало со 22 поени и шест скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон.
Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА. Ekipa
Монако вечерва го победи Олимпијакос со 78:68 во полуфиналето од плејофот на Евролигата.
Натпреварот се одржа во Абу Даби (ОАЕ). Најдобар стрелец кај победниците беше Алфа Дијало со 22 поени, додека Мајк Џејмс имаше 17 поени, 7 скока и 7 асистенции. Republika
Турскиот тим претходно го елиминираше Панатинаикос.
Олимпијакос и Панатинаикос ќе играат грчко дерби за третото место. Sportmanija
Монако ќе му биде противник на Фенербахче во борбата за титулата во кошаркарската Евролига.
Монако, во второто полуфинале на завшрниот турнир во Абу Даби, го победи Олимпијакос 78:68 (17:17, 18:15, 22:19, 21:17). Олимпијакос тимот со најдобар резултат во регуларниот дел од сезоната, не успеа да стигне до финалето. Makfax
По елиминацијата на Панатинаикос од Фенербахче, исфрлен е и вториот грчки тим од Евролигата, Олимпијакос загуби од Монако. Sport1
Стартот на средбата беше израмнет, нешто подобро се снајдоа Грците и почесто водеа во првата четвртина.
Сепак, предноста беше минимална и на првата пауза меѓу четвртините се замина со ега (17-17). Во вториот период Монако успеа да се консолидира, па во втората половина се наметна. Gol
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Последните информации од Грција говорат дека овој голем неуспех може да донесе и тренерска смена во Олимпијакос откако челниците на клубот веќе почнале да ја разгледуваат можноста за тренерска смена во текот на летово.
Барцокас ќе го води тимот во грчкиот плејоф, а само импресивни изданија на „црвено-белите“ можат да го спасат овој стручњак од отказ. Ekipa
Првата ѕвезда на Олимпијакос, Александар Везенков го одигра најлошиот натпревар сезонава во Евролигата и тоа тогаш кога не смееше – во полуфиналето.
Неговиот тим загуби од Монако, а бугарскиот репрезентативец постигна само седум поени со шут за тројка 0/6. Целиот товар падна на Еван Фурние кој одговори на предизвикот и постигна 31 поен, но ни тоа не беше доволно за пласман во финалето и продолжение на борбата за титулата. Kos
Првиот човек на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, повторно имаше „шоу“, овојпат на завршниот турнир во Абу Даби.
Контроверзниот сопственик на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос имаше нов испад за време на полуфиналниот натпревар од Евролигата против Фенербахче.
Кошаркарите на Фенербахче го совладаа Панатинаикос во првото полуфинале на завршниот турнир во Евролигата со конечни 82-76 и обезбедија пласман во големото финале.
Кошаркарскиот тим на Фенербахче го победи Панатинаикос со 82:74 во полуфиналето на Фајнал-форот на Евролигата, што се одржува во Абу Даби.
Во пресрет на завршниот турнир во Евролигата, новинарот на „Спортандо“, Алесандро Маџи, објави дека следната сезона во елитното натпреваруање ќе учествуваат 20 екипи.
Клучниот состанок на раководството на Евролигата, одржан во Абу Даби непосредно пред Фајнал фор турнирот, донесе значајни одлуки што ќе ја редефинираат структурата на најсилното клупско кошаркарско натпреварување во Европа.
„Највисоката температура регистрирана во земјата денеска е 50,4 степени Целзиусови во Ал Шавамех“ во емиратот Абу Даби, објави Националниот центар за метеорологија на социјалната мрежа „Х“. „Ова е највисоката температура некогаш забележана (во мај) откако започнаа евиденциите во 2003 година“.
Обединетите Арапски Емирати објавија дека денеска регистрирале рекордна мајска температура од 50,4 степени Целзиусови, што не е забележано во изминатите две децении во таа земја.
Минесота Тимбервулфс намали на 1-2 во финалето на Западната конференција откако ноќеска на домашен терен ја прегази Оклахома со 42 поена разлика (143-101). Конечниот резултат е големо изненадување, не само поради фаворитската улога на Тандер, туку и поради фактот што првите два меча Оклахома ги доби релативно лесно и убедливо.
Кошаркарите на Минесота ја декласираа Оклахома (143:101) и го намалија резултатот на 2-1 во финалната серија од Западната конференција на НБА лигата.