Таму не бил од 2012 година кога екипата составена од тогаш релативно младите Дурант, Харден, Вестбрук итн. загуби од Мајами со 4-1. Сега со истиот резултат ја елиминира Минесота Тимбервулфс откако ноќеска, во петтиот меч славеше убедливо, со 124-94. Можеби се очекуваше поголем отпор од противничкиот тим, но не само што не дојде до тоа, туку победникот беше решен уште во првото полувреме кое ѝ припадна на Оклахома со 65-32. Во вториот дел Минесота некако се консолидира, но само колку да не доживее невидена катастрофа. Sport1