Вториот период мина во знакот на битолчани кои погодија пет тројки, целосно го контролираа резултатот, но домаќините пред крајот се вратија и на одмор се замина со само два поена предност на македонскиот претставник (41-43). Во третиот период слична слика како и во вториот, Пелистер во долги периоди беше подобар ривал, но црногорскиот тим во финишот заигра поцврсто во одбраната и во последните десет минути се влезе со водство на „зелено-белите“ од 63-69. Пелистер имапе 68-75 на осум и пол минути до крајот, но тогаш следеше неверојатен пад во нападот, серија грешки и промашени шутеви. Ekipa