До првиот натпревар со Литванија, (21.ноември), избраниците на селекторот Јончевски ќе ги одработат планираните активности во СРЦ „Кале“ Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска попладне, од 13.часот, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, ќе ги стартува подготовките за натпреварите кои следуваат во ноемврискиот ФИБА „прозорец“ за пласман на Евробаскетот во 2025 година.