СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите.
СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска со почеток во 16.00 часот, поради одржување на меѓународна ноќна атлетска трка „13 Ноември“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Kanal5
Првата трка била одржана во далечната 1953 и се трчало во поединечна и екипна конкуренција, стартот и целта биле на срeдината на плоштадот, a должината била 5 км, стои во соопштението на организаторите.
На програмата на овогодинешното издание се две трки и тоа главна трка на 5км и детска трка до 12 години на 400м , со пријавени на повеќе од 400 учесници во двете трки. Libertas
Овој настан е во организација на Атлетската Федерација на Македонија, а е поддржан од Министерството за Спорт, Општина Гази Баба и Министерството за внатрешни работи.
Стартот и целта на трките ќе биде во недела во близина на Триумфалната капија на централниот плоштад во Скопје. Plusinfo