Македонската кошаркарска репрезентација го претрпе третиот пораз во четвртиот меч од квалификациите за ЕП 2025, откако вечерва убедливо загуби на гостувањето кај Литванија (72-94). Крајниот резултат апсолутно не е реален, бидејќи жолто-црвените беа во водство цело прво полувреме, а и во второто долго време беа во игра за победа, барем се до кобната за нас 34. минута.
Тогаш се повреди феноменалниот Ненад Димитријевиќ по еден доскок по противничкиот кош, а за сериозноста на неговиот проблем доказ е фактот што паркетот го напушти во раце на нашите двајца физиотерапевти.