ЕКИПА во Клаипеда, Стеван Цаневски Селекторот Алек Јончевски имаше причина за задоволство од покажаниот карактер и играта во првите три четвртини, но за жал повредата на Димитријевиќ и големиот пад во завршницата придонесе дуелот во Литванија да го завршиме со незаслужено високи „минус 22“ (94-72). Триесет минути целосно парирање, па дури и подобра игра во однос на големиот фаворит, но за жал остана во сенка на последните 10 минути што Литванците ги добија со преубедливи 30-10. „Дадовме се од себе, покажавме карактер, начинот на кој игравме три четвртини ме направи горд на мојот тим… Иако овој натпревар заврши со поголема разлика од претходниот, покажавме поквалиететна игра, одговоривме на нивниот притисок и три четвртини одлично им париравме . Она што можам да го заклучам од двата меча е дека ни фали игра под кошевите, ни фалат тие ситуации кога треба да го затвориме рекетот и да ги земеме промашените шутеви,но и со офанзивен скок да стигнеме до поени од втора шанса.
Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски, изјави дека е незадоволен од конечниот резултат на натпреварот против и рече дека неговите избраници не заслужиле толку висок пораз. одигра солиден меч против фаворизираниот противник, но Јончевски смета дека конечниот резултат не ја отсликува реалната ситуација на теренот.