Македонија вторпат загуби од Литванија, овој пат на гости, но ги задржа шансите за пласман на ЕП 2025 Машката кошаркарска репрезентација на Македонија вторпат загуби од селекцијата на Литванија во квалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2025 година, по поразот во четвртокот во Скопје со 67-82, во неделата на гости во Клаипеда со 72-94 (27-23, 19-20, 16-21, 10-30), во групата Х. Македонија остана во трка за пласман на ЕП по победата на Полска на гости кај Естонија со 88-86. Во февруари в година избраниците на селекторот Александар Јончевски треба да ја победат Естонија на гости со најмалку шест поени разлика, а потоа и Полска дома, но и да чекаат пораз на Естонците од Литванците на гости.
Со двата порази во Литванија во четири дена, Македонија уште повеќе си го отежна патот до кам бек на големите натпреварувања.