Естонија денеска игра на домашен терен против Полска и со победа уште сега ќе обезбеди виза за ЕП без разлика на резултатите од последните две рунди следниот февруари.
Во случај на пораз на Македонија и триумф на Естонија, нашата репрезентација ќе ги загуби сите шанси за пласман, бидејќи Полска како ко-домаќин веќе има осигуран билет за шампионатот. Sport1
Секако, избраниците на Јончевски ќе сторат се за триумф во Клаипеда над Литванија, но и доколку тоа не се случи, останува шансата да ги стигнеме Естонците на табелата.
За тоа да се случи, ќе треба во последните две кола најпрвин да ја совладаме Естонија со над пет поени разлика во Талин, а потоа на домашен терен да славиме и над Полска, но и Естонците да загубат на гостувањето во Литванија. Ekipa
Репрезентативната кошарка ќе паузира три месеци и последните две кола се закажани за крајот на февруари.
Синоќешниот пораз на Македонија не значи крај на надежите за нашите кошаркари, бидејќи во наш прилог заврши другиот дуел на кој Естонија загуби дома од Полска. Off