Sport1
Поранешниот македонски репрезентативец, Младен Ѓуроски, кој ја има поддршката на повеќе од 80-отсто од клубови во државата, ќе биде новиот претседател на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), нешто што требаше да се случи на денешното Собрание да не беа опструкциите и процедуралните заврзлами од страна на актуелниот прв човек, Перо Антиќ.
Станува збор за добро познато име во кошаркарските кругови, зад кое е богата интернационална кариера настапувајќи за екипи како Цибона, Сплит, Хелиос, Борац Чачак, романски Арад, но и за Работнички, МЗТ Скопје и Гостивар. Sport1