Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, вчера ги дозна противниците за претстојното Отворено првенство на Австралија (12 до 26 јануари), а како дел од официјалните активности пред турнирот тој одржаа прес-конференција, на која дојде до мала тензија.
Новак Ѓоковиќ излезе со шокантни тврдења поврзани со неговата најнеславна епизода на Австралија опен, кога го депортираа од земјата поради тоа што не беше вакциниран.
Ниту по три години, Новак Ѓоковиќ не ги заборави настаните од 2022 година, кога беше депортиран од Австралија и спречен да учествува на Австралија опен поради невакцинација против коронавирусот.