Првиот од двата дуела, на гости кај Естонците во Талин, е закажан в петок, а тој со Полска е три дена подоцна во Скопје (од 18.30 часот). Во согласност со планираното, во салата СРЦ „Кале“, каде што црвено-жолтите ќе го играат натпреварот со Полска, ќе одработат и неколку тренинзи, како и на денот на заминувањето за Естонија, утре, а во Талин ќе имаат уште два тренинга, пред натпреварот в петок (18 часот). За пласман на ЕП 2025 репрезентацијата на Македонија треба да ја победи Естонија на гости најмалку со шест поени разлика, како и Полска (која како еден од кодомаќините игра надвор од конкуренција), но и да чека пораз на Естонија на гости во Литванија.