Земјотресот со интензитет од 7,7 степени според Рихтеровата скала што вчера го погоди Мјанмар ослободи енергија еднаква на 334 атомски бомби, изјави геологот Џес Феникс за Си-ен-ен. Таа додаде дека последователните потреси би можеле да траат со месеци бидејќи индиската тектонска плоча продолжува да се спушта под евроазиската плоча во регионот на Мјанмар.
Бројот на загинати во Мјанмар по вчерашниот голем земјотрес со интензитет од 7,7 степени по Рихтеровата скала се искачи на 1.002, додека 2376 се повредени, а 30 се водат како исчезнати, објавија денеска државните медиуми.
Најмалку едно лице загина, а 50 други се повредени откако висококатница во изградба се урна во Бангкок по силниот земјотрес што во петокот го погоди соседен Мјанмар, соопштија тајландските власти.
Американскиот геолошки институт предвидува дека бројот на загинати во Мјанмар би можел да надмине 10 000, додека економската штета би можела да го надмине годишниот БДП на земјата Бројот на жртвите од земјотресот што го погоди Мјанмар достигна повеќе од 1 000, додека спасувачите пребаруваат преживеани низ урнатините, пишува „Гардијан“.