Полјаците имаа беспрекорен шут од далечина во третата четвртина, со нова тројка израмнувајќи на 53-53, но Шортс ги презеде работите во свои раце, со четири поени и асистенција (тројка на Ефремовски) носејќи водство од 60-54. Зеќири се врати во ритам и постигна нови пет поени во низа, враќајќи ја предноста на Македонија на „плус десет“ (65-55). Полскиот селектор побара тајмаут, но шутот престана да ги служи гостите, па нашите кошаркари влегоа во последната четвртина со водство од 67-55. И повторно иста слика, четвртината ја почнавме без Шортс на теренот и очигледно се мачевме, предноста се намали на 69-63 и Ефремовски направи лична грешка што судиите неочекувано ја оквалификуваа како неспортска. Ekipa