Лука Дончиќ одигра извонреден натпревар и ја доби директната пресметка со сигурно најдобриот светски кошаркар во моментов, Никола Јокиќ, предводејќи ги ЛА Лејкерс до убедлива победа против Денвер Нагетс (123-100). „Езерџиите“ со ова ја прекинаа серијата од девет победи на составот од Колорадо.
Суперѕвездата на ЛА Лејкерс блесна во полн сјај синоќа во дербито против Денвер Нагетс кое Лејкерси го добија 123:100 и ја прекинаа врвната серија на Јокиќ и другарите од 9 победи по ред во НБА лигата.