Лидерот на Далас Маверикс по заминувањето на Лука Дончиќ, Кајри Ирвинг го повреди левото колено во ноќта меѓу понеделникот и вторникот на мечот против Сакраменто Кингс кој Далас го загуби 122:98. Кајри Ирвинг беше фаулиран од ДеМар ДеРозан и при падот нагази незгодно врз ногата на Јонас Валанчунас па го повреди левото колено.
По заминувањето на Лука Дончиќ и повредата на Ентони Дејвис, Далас Маверикс го снајде уште една катастрофа.