Оскар за најдобар филм „Анора“, Мајки Медисон и Адриен Броди за најдобар актерНајдобар филм на 97. Оскари освои филмот „Анора“, за кој награди добија и режисерот Шон Бејкер и главната актерка Мајки Медисон, додека наградата за најдобар актер му припадна на Адриен Броди за филмот „Бруталист“.
Во Лос Анџелес утрово се одржа 97. доделување на „Оскарите“, а филмот „Анора“ освои пет златни статуетки, меѓу кои за најдобар филм, женска главна улога, монтажа, режија и оригинално сценарио.