Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ во интервју за „Спортклуб“ ја анализираше својата кариера, а посебен осврт направи на македонската репрезентација и системот на ФИБА, кој, според него, не е праведен.
Македонската сениорска репрезентација ќе пропушти уште еден голем настан, Европското првенство кое годинава ќе се одржи во Полска, Летонија, Финска и Кипар.