Кошаркарот на Њујорк Никс, Џејлен Брансон, победи на изборот за најдобар играч во неизвесните завршници на натпреварите оваа сезона во американската професионална кошаркарска лига НБА, објавено е на веб-страницата на лигата.
Џејлен Брансон го освои признанието „Џери Вест“ кое се доделува во последните три години, а е наменето за најдобар кошаркар во НБА лигата во клучни моменти или „клач играч“.