Матео Беретини го најави триумфот, а Јаник Синер го потврди големиот успех во финалето на Дејвис Купот, каде што репрезентацијата на Италија славеше против селекцијата на Холандија, пренесе Спорт1.мк. Беретини го освои првиот поен за Италија, откако славеше со 2-0 во сетови, односно 6-4 и 6-2 против Ван Де Зандшлуп.
Италијанската тениска репрезентација се пласираше во финалето на Дејвис Купот, откако денеска во Малага ја совлада Австралија со 2-0. Светскиот тенисер број еден Јаник Синер им го донесе вториот и решавачки бод на „аѕурите“ откако го совлада Алекс де Минор со резултат 2-0. Во сетови беше 6-3, 6-4. Два брејка во првиот сет и еден во вториот беа доволни за италијанскиот ас да стигне до очекуваниот триумф.