Кливленд е втората екипа која обезбеди пласман во следната рунда на НБА плејофот, погрижувајќи се за „метла“ третман во серијата со Мајами.
Ноќеска беа одиграни два натпревара од плејофот на НБА, а по нив добивме уште еден четвртфиналист во тимот на Кливленд Кавалирс, кој го сомле Мајами Хит во серијата со убедливи 4-0. Кливленд и во последниот дуел го презгази својот ривал победувајќи со резултат од 138:83, разлика од неверојатни 55 поени.