МЗТ Скопје е првиот полуфиналист во кошаркарскиот плејоф на Македонија откако актуелниот шампион рутински ја доби четвртфиналната серија против Феникс со максимални 3-0. По двата меча на кои номинално важеше за домаќин, МЗТ славеше и на денешниот трет дуел, овојпат како „гостин“ во својата сала „Јане Сандански“, со убедливи 62-84. „Сино-белите“ покажаа апсолутна надмоќ од самиот почеток на натпреварот, прашањето на победникот практично решавајќи го во првите 20 минути во кои поведоа со огромни 20 поени предност (28-48). Победата беше осигурана, па тренерот Атанасов им даде поголема минутажа на дел од резервните кошаркари кои немаа премногу шанси за докажување сезонава. Ekipa