Кошаркарите на Денвер Нагетс поведоа со 1:0 во полуфиналната серија од плејофот во Западната конференција, откако ги победија Оклахома Сити Тандер со 121:119 на гостински терен со тројката на Арон Гордон четири секунди пред крајот на натпреварот. Kajgana
Денвер Нагетс ги победија Оклахома Сити на нивниот терен со 121:119 во првиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција во НБА лигата.
Центарот на Денвер Никола Јокиќ на крајот на мечот имаше 42 поени, со 22 скокови и шест асистенции. Sportski
Одличен за Денвер беше и Гордон, кој, по забивањето со звукот на сирената за победа на Нагетсите во четвртиот натпревар против Клиперси, повторно ја искористи последната топка од натпреварот.
Тој погоди тројка од левата страна на четири секунди до крајот на натпреварот и ја претвори негативата на Денвер од 118:119 во победа. Nezavisen