Во првиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција на НБА лигата, кошаркарите на Голден Стејт веднаш ја „украдоа“ предноста на домашниот терен на Минесота Тимберволвс, победувајќи на гостински терен со 99:88. Освен експлозивната трета четвртина, тоа беше многу тврд натпревар во кој доминираа одбраните.
Голден Стејт направи „брејк“ во првиот натпревар од полуфиналната серија со Минесота, славејќи со убедливи 88-99, но, и покрај победата, навивачите на Вориорс и натпреварот во Минеаполис нема да го паметат по добро.