Во одбраната Работнички успеа да го неутрализира Мишковиќ, а „центарци“ делуваа уште поимпресивно во нападот, промашувајќи само два шута во првите 10 минути од мечот (4/6 за тројка, 8/8 за два поени) и стигнувајќи до предност од убедливи 33-17. Пелистер на почетокот од втората четвртина успеа да намали на десет поени, но „центарци“ имаа свој адут во репрезентативецот Стојан Ѓуроски, кој со серија поени ја врати позитивата на својот тим над 15 поени, по што на одмор се замина со предност на Работнички од 50-36. Третата четвртина донесе многу возбудувања, откако Пелистер одлично отвори и набрзина дојде до само шест поени негатива (64-58). Самарџиев побара тајмаут, по што Шошкиќ даде пет поени во низа и ја зголеми предноста на Работнички.