Иван Галевски е еден од ракометарите на Алкалоид кои блеснаа пред очите на Европа.
Ракометарите на Алкалоид на 18 мај ќе го одиграат првиот финален меч против АЕК во Атина, а денеска го одржаа последниот тренинг на кој беше присутен и генералниот директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, Живко Мукаетов.
Поради големиот интерес за првиот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот куп меѓу АЕК и Алкалоид закажан за в недела во Атина, домаќините денеска соопштија дека ќе бидат отворени дополнителни блокови и пуштени во продажба дополнителни билети.