Изминатата вечер во најсилната кошаркарска лига беше одигран само натпреварот помеѓу Денвер и Оклахома по кој тимот од Колорадо се избори за ново изедначување на серијата на 3-3. Најубавите потези на вечерта ги одбележа и Никола Јокиќ, српскиот центар кој имаше фантастично додавање до својот соиграч за лесни поени.
Најдобриот играч на Оклахома Сити Тандер, Шеј Гилџес-Александар, зборуваше по победата на неговиот тим над Денвер во петтиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција.
И додека на Запад продолжува драмата помеѓу Денвер и Оклахома, на Исток го дознавме првиот учесник во финалето на конференцијата.
Кошаркарите на Денвер Нагетс останаа во игра за полуфиналето на Западната конференција во НБА лигата откако се изборија за седми натпревар во пресметката со Оклахома по победата од 119-107.