Првото полувреме помина во израмнета игра, а Монако почна да се одлепува во третата четвртина во која имаше и 13 позитива, водеше со 55-42. Олимпијакос стигна до -4, но францускиот тим брзо се врати, а со одлична игра во последниот период дојде до сигурен триумф од 78-68. Монако одигра одлично тимски, Диало даде 22 поени, Џејмс 17, убедливо најдобар во составот на Олимпијакос беше Фурние, но тој не можеше сам, реализираше 31 поен, далеку повеќе од останатите соиграчи. Sport1