Фенербахче е првиот финалист на фајналфор турнирот од Евролигата откако турскиот гигант успеа да го натера на капитулација актуелниот европски првак Панатинаикос, славејќи со 82-76. Избраниците на Јасикевичиус одиграа одличен меч во кој целосно го контролираа резултатот, неколку пати имаа и двоцифрена предност, успевајќи да стигне до заслужена победа, прва за Шарунас Јасикевичиус на фајналфор турнирите над Ергин Атаман.
Фантастичниот шут од далечина беше заштитен знак на Фенер во голем дел од првото полувреме, откако турскиот состав погоди седум од првите 11 обиди за три поени, успевајќи да се одлепи резултатски.