Македонскиот суперлигаш Вардар подготовките за новата сезона ќе ги започне со нов тренер.
Се чини дека поразот од Еурофарм Пелистер и загубената титула од првенството на Македонија ќе донесат големи промени во таборот на двократниот европски шампион Вардар.Неофицијално, Вардар ќе се раздели со аргентинскиот тренер Гиљермо Милано, кој само пред две седмици на клубот му ја донесе титулата од Купот на Македонија, а два дена подоцна од таборот на Црвено-црните информираа дека продолжен е договорот со тренерот и за наредната сезона.Сепак, поразот од Еурофарм Пелистер со 30-32 веројатно е клучен за отказот кој ќе следува за аргентинскиот тренер.