Двата тима влегоа доста добро во натпреварот, но „црно-белите“ беа посмирени во финишот од првиот квартал и започнаа да ја градат посакуваната позитива (24-19). Предноста на фаворитот се зголеми во втората четвртина, и тоа за првпат таа беше двоцифрена, а крај на сите надежи на стартот од последните десет минути, кога Партизан побегна на +16. Конечниот резултат на натпреварот во Белград беше 83-67. Кај Партизан се истакнаа Џонс и Лундберг со по 14 поени, додека за поразениот тим Сулејман имаше 20 поени. Gol