Масовни собири, огромни толпи луѓе присуствуваа на протестите „Без кралеви“ низ целата земја во саботата, осудувајќи ги она што организаторите го опишуваат како авторитарни политики на претседателот Доналд Трамп, пренесува Си-ен-ен. Протестите се одржаа додека Трамп претседаваше со парадата во Вашингтон.
Со испраќањето 4.000 војници од Националната Гарда и 700 маринци, претседателот Доналд Трамп го претвори Лос Анџелес, вториот по големина американски град, во воена зона против илегалната имиграција, ставајќи ја во тешка позиција локалната власт на Демократите, газејќи на граница на своите претседателски овластувања во Калифорнија, најбогатата сојузна држава во САД, пишува Ивор Мицковски во колумна за Дојче веле.