Италијанскиот репрезентативец и член на Виртус Болоња, Акиле Полонара, е соочен со нова и тешка животна борба откако му е дијагностицирана миелоидна леукемија, објави неговиот клуб.Полонара, кој пред две години помина низ операција за отстранување тумор на тестисите, сега се соочува со уште посериозна здравствена состојба – малигно заболување на коскената срж.„Клубот Виртус информира дека Акиле Полонара во изминатите недели беше подложен на специјалистички медицински прегледи, по што му беше дијагностицирана миелоидна леукемија.
Во моментов е хоспитализиран во болницата Сент Орсола во Болоња, каде што започна со специјализирана терапија.