Тајрис Халибартон го заврши финалето на НБА-лигата во солзи и на носилка, откако ја доживеа една од најтешките спортски повреди, кинење на Ахиловата тетива, што се случи во решавачкиот седми меч во серијата против Оклахома, во кој неговата Индијана загуби, а шампионската титула ја освоија Шеј Гилџес-Александер и неговите соиграчи.
Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер се новите шампиони на НБА.
Екипата на Оклахома Сити Тандерс ја совлада Индијана 103:91 во седмиот одлучувачки натпревар од финалето и за прв пат во историјата на франшизата ја освои титулата во НБА лигата.