Реал Мадрид е последниот полуфиналист на клупскиот мундијал во САД откако „кралевите“ полесно од очекувањата триумфираа над Борусија Дортмунд со 3-2. Избраниците на Чаби Алонсо одиграа одличен меч, победата осигурувајќи ја уште во првите дваесет минути игра.
Прерано е да се каже дали Килијан Мбапе ќе започне за Реал Мадрид во четвртфиналето на Светското клупско првенство против Борусија Дортмунд вечерва, изјави тренерот на шпанскиот тим, Чаби Алонсо, синоќа, додека францускиот напаѓач продолжува да се опоравува од гастроентеритис.