МВР апелира за фер и спортско навивање, а било какви навреди ќе бидат најстрого санкционирани Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани и членови на навивачки групи да ги бодрат своите спортски миленици, но да навиваат спортски, исклучиво во спортски дух, без говор на омраза, без било какви навреди по лична, етничка, верска или било која друга припадност што не соодветствува на спортски натпревари и е спротивно на законот.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање остро го осуди скандирањето на натпреварот Македонија-Романија во Куманово од страна на неколкумина присутни во салата, и посочи дека навивачките групи треба да ги бодрат своите тимови, без навредливи и ксенофобични пораки.
Двајца полицајци се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Куманово.
Кумановската полиција презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот во врска со кошаркарскиот натпревар кој се одржа на 2 август во спортската сала, соопшти денеска СВР Куманово.