Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
14
74.18
35.42
2.21/2.98
14.00
7.92
0.57
1523.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 14
20 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 985.9
Best clustering variants
20 0.99/0.01 2 985.9
14:32 h 05-Aug-2025
  • Неспортски е да се злоупотребува спортскиот терен за „вежбање“ говор на омраза, навредување и сатанизација со отровни убиствени зборови – проектили!
  • ◉ Сиљановска - Давкова: Неспортски е да се злоупотребува спортскиот терен за „вежбање“ говор на омраза и навредување Puls24
07:48 h
  • Претседателката Гордана Сиљановска Давкова го искажа својот став во врска со говорот на омраза на спортските натпревари преку објава на Фејсбук насловена „(Не)научена лекција“.
  • (НЕ)НАУЧЕНА ЛЕКЦИЈА Пред секој натпревар да се упати порака до публиката да ги исклучи лошите мисли! Plusinfo
07:44 h
  • Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова се огласи по настаните во салата во Куманово и ксенофобичното однесување на дел од присутните навивачи на натпреварот меѓу Македонија и Романија.
  • Сиљановска: Неспортски е да се злоупотребува спортскиот терен за „вежбање“ говор на омраза, навредување и сатанизација со отровни убиствени зборови Lokalno
Civilmedia

Логичниот заклучок беше: ‘Не смее да се толерира ваквото однесување на ниту еден стадион, во ниту еден спорт, никогаш и никаде’. Заради нашата, по кој знае кој пат, спортска неписменост, со право не стивнуваат реакциите на ужасниот инцидент на кошаркарскиот натпревар во Куманово, на кој, неколкумина недоветни навивачи пукаа со куршуми на омраза на нашите сограѓани Албанци, ама нè погодија сите, па и себеси“, вели Сиљановска-Давкова.

Претседателката посочува дека по натпреварот во Куманово повторно сме засрамени, велејќи дека срамот не е само само на оние чии зборови повредуваат, туку и на оние што ги гледаат и слушаат.„Мора да ѝ се спротивставиме на навивачката омраза, да го култивираме и да го облагородиме навивањето, да учиме и да научиме како се навива, односно како не се навива, да ја засилиме битката против предрасудите и судири меѓу ‘различните’, мора да се запознаеме и познаваме, мора да спречиме излив на омраза, да реагираме навреме, да лечиме дела од омраза, да ја санкционираме!“, вели претседателката, додавајќи оти страсното навивање никогаш не е навредливо и агресивно. Civilmedia

Alsat

Мора да ѝ се спротивставиме на навивачката омраза, порачува Сиљановска-Давкова, додавајќи дека мора да се облагороди навивањето, да научиме како се навива и да ја засили битката против предрасудите и судири меѓу „ различните“.-Страсното навивање никогаш не е навредливо и агресивно.

Ни треба азбука на навивањето како спортско уживање, навивачко описменување, оти Пирова е спортската победа ако е проследена со физичка или говорна агресија, нагласува Сиљановска-Давкова.Скандирањата на натпреварот ги осудија и премиерот Христијан Мицкоски, претседателот на Собранието, политичките партии во земјава, Општина Куманово….Основното јавно обвинителство Куманово соопшти дека постапува и до СВР Куманово издало повеќе наредби и насоки за испитување елементи на кривично дело при скандирањата кои содржеле говор на омраза од засега непознати лица на кошаркарски натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Романија. Alsat