Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против вкупно пет лица, од кои првоосомничениот како директен извршител на кривично дело „убиство“, како и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи“, додека останатите четворица се осомничени за „помагање на сторителот по извршено кривично дело“.
Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент е уапсено, информира ЈОРМ.
Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за спроведување истражна постапка против вкупно 5 лица, од кои првоосомничениот како директен извршител на кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4, како и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.
МВР информира дека синоќа во 21.25 часот во СВР Штип е пријавено дека во угостителски објект на Градскиот плоштад во Штип било пукано со пиштол кон Е.О.(25) од Република Турција, по што сторителот побегнал со возило.