Најдобриот светски тенисер, Италијанецот Јаник Синер, е вклучен во најновиот музички проект на познатиот оперски пејач Андреа Бочели, исто така од Италија.
Од: А1он Италијанскиот оперски тенор Андреа Бочели и тенисерот број еден во светот – Јаник Синер го објавија својот прв дует насловен „Polvere e Gloria“ („Прашина и слава“). Бочели и Синер споделија промоција на песната на Инстаграм, со снимки од детството на пејачот и тенисерот, како и понови снимки, на кои се гледа како Синер држи рекет и тениско топче пред пијано во домот на Бочели во Тоскана.